Sirok asortiman na proizvodi od oblasta na metalurgijata,razlicni tipovi na celik I celicni proizvodi,alatni celici,brzorezni celici,specijalni celici I celicni sipki,lim I limeni proizvodi,proizvodztvo na leguri od oboeni metali I nemetali,usluzni dejnosti od oblasta na metalurgijata,vrven kvalitet I povolni ceni

 

АНА ДОО Скопје е  овластен застапник и дистрибутер на македонскиот пазар и регионот на производствениот програм на словенечки фирми од областа на металургија, пневматика, хидраулика, како и на производи за потребите на рударството, металопреработувачка, графичката и дрвната индустрија, со повеќе од 20-годишно искуство.

АНА ДОО е единствен и овластен застапник на Опрема Равне, Ножеви Равне, Метал Равне, Системска техника и Тро Превент Преваље, Словенија.

Во палетата на производи што АНА ДОО ги нуди влегуваат високо квалитетните пневматски чекани за разбивање и бушење, шпицеви и бургии што не се кршат по долготрајно користење и во најтешките услови на терен, со докажан и потврден квалитет.

Покрај продажба на производи, нуди и продажба на резервни делови, како и сервисирање на пневматските чекани, обезбедувајќи комплетна услуга околу пневматскиот алат.

Дополнување на пневматскиот програм е програмот на висококвалитетни одливци за машини во индустријата, како и програмот на висококвалитетни ножеви за сечење метал, обработка на дрво, кожа, пластика, текстил, гума и друго, и ножевите за абрихтер.

АНА ДОО важи за најголем увозник на индустриски ножеви во Република Македонија по прифатливи цени со највисок квалитет.

Покрај ножеви, АНА ДОО нуди голем избор и на кружни пили за дрво со различни димензии, глодала и алат за обработка на дрво, како и производен програм што опфаќа преку 200 различни типови на специјални челици што се користат за производство на алат, во градежништвото, хемиската, енергетската, автомобилската индустрија итн.

Долго-годишното искуство во оваа област и проблематика гарантира производи со највисок квалитет по прифатливи цени на задоволство на сите постојни и потенцијални Клиенти.

Бројните сертификати и признанија, продажбата на опремата во светски рамки како и тестот во најтешките услови на терен се гаранција за квалитетот.

Некои од рефернците на АНА ДОО се: 

  • Рудник САСА М. Каменица,
  • Рудници ИММ – Злетово и Добрево,
  • Рудник КРИН Прилеп,
  • Југохром Јегуновце,
  • Макстил Скопје,
  • Дојран Стил – Дојран,
  • ФЕНИ ИНДУСТРИ Кавадарци,
  • Нова Рефрактори Пехчево,
  • Вардар Доломит Гостивар,
  • КЕМЕТ Скопје,
  • КНАУФ Радика,
  • ЛТХ Леарница Охрид,
  • ТАБМАК Пробиштип,
  • Арчелор Митал Скопје,
  • Сите шумски стопанства на Македонија, 
  • Цементара УСЈЕ Скопје,
  • Рудници Силекс Кратово,
  • Ватростална Скопје

и многу други компании во Македонија.

INDUSTRISKI NOZEVI

ANA D.O.O.

ANA D.O.O.

 

 

 

  • afrodita s jpg
  • image
  • image
  • GORSKA
  • image
  • image